6.9 C
Прилеп
недела, 2 февруари, 2025
Пела Радио

Пензиите на дневен ред од првата седница на Владата

Денеска во просториите на Владата ќе се оддржи првата владина седница на новиот состав, на која ќе стане збор за предлогот за линеарно зголемување на пензиите како и за именувања на раководни кадри во неколку државни институции.

По завршување на седницата, јавноста ќе биде информирана преку соопштение за донесените одлуки.

Во врска со предизборното ветување за линеарно покачување на пензиите, премиерот Мицкоски вчера на социјалната мрежа Фејсбук објави:

Ден 4: Дадениот збор е светост, обврска и одговорност. Државата мора да се грижи за највозрасните. Во соработка со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани, посветено работиме на итно изнаоѓање на решение кое ќе донесе повисоки пензии за над 300 илјади пензионери. Утре, ова исклучително важно решение кое го ветивме на изборите ќе се дискутира на седница на Владата и со тоа ја покажуваме нашата посветеност да испорачуваме резултати и да работиме посветено и за сите.

 

Би можело да ве интересира

Решение за водоснабдување на с. Јакреново

Елизабета Филипоска

Прилеп и состојбата со коронавирусот

Елизабета Филипоска

Над 100 археолошки експонати од исклучителна вредност содржи Лапидариумот во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе