16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Седница: Стоматолошка опрема на користење во основни училишта и грaдинка и минибуси на трајно користење на ЈП за ПУП

Советот на Општина Прилеп ја одржа 68-та седница со повеќе точки на дневен раед кои беа усвоени за еден час. Фокусот на Седницата беше ставен на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Пазари – Прилеп, за период од 01.04.2025 година до 30.06.2025 година и на ЈКП Водовод и канализација-Прилеп, за истиот период и годишниот план за вработување во 2026 година на ЈКП Водовод и канализација-Прилеп. Но, дискусијата се разви по точките за годишните извештаи за работа на училиштата.

Со мнозинство гласови беа одобрени годишните извештаи за работа за учебната 2024/2025 година и програмата за работа за 2025/2026 година на училиштата и одлуките за формирање на паралелки со помал број на ученици во I (прва) година во учебната 2025/2026 година во сите средни училишта. СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“-Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп, СОУ „Орде Чопела“-Прилеп и СОУ „Ристе Ристески-Ричко“-Прилеп.

Опозицијата не прифати програмите. Тие го посочија постојаниот проблем кои се провлекува од минатата година околу бесплатен превоз на ученици во средните училишта и побараа итно информација од надлежните служби, за тоа „како средношколците кои живеат надвор од урбаната средина доаѓаат на настава?!.“, „дали учениците се безбедни при патувањето до училиште?!“ „колкав е бројот на ученици кои не доаѓаат на настава поради немање на превоз?!“, барајќи одговор и од директорите на училиштата по овие прашање.

Во контекст на овие прашања Претседателката на Совет одлучи одговорите да ги достави до советниците во писмена форма.

Советот одлучи да им ги додели на трајно користење донираните минибуси на ЈП за ПУП Прилеп, а на ООУ „Климент Охридски“, на ООУ „Кочо Рацин“, на ООУ „Рампо Левката“ и на ЈОУДГ“ Наша иднина“, да им додели на трајно користење стоматолошка опрема, донација од невладина организација.

Како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишна возраст во ЈОУДГ „Наша иднина“-Прилеп, беше едногласно прифатена одлуката за ослободување од партиципација во ЈОУДГ „Наша иднина“-Прилеп на 20 деца Роми од социјален ризик, на возраст од три до шест години, за 2025-2026 година.

Би можело да ве интересира

Над 200 учесници во Плетварско езеро за Водици

Пела Редакција

Значителен напредок во дигиталната трансформација на водоснабдителните услуги

Максим Димитриевски: Гласовите на граѓаните му даваат сила и легитимитет на Претседателот на државата да и каже НЕ на извршната и на законодавната власт

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе