Во преубавиот амбиент на платото пред храмот Св. Петка, на 24(среда) јули во 20:30 часот , во организација на „Организациониот одбор на хуманитарните концерти „Од векови за векови“, повторно ќе биде организиран донаторски концерт за граѓаните на Прилеп Концертот на духовна и македонска народна музика ќе биде дел од циклусот хуманитарни(донаторски) концерти за доизградба на храмот Св. Петка.
На концертот ќе настапат:
– Женскиот камерен хор „Керамија“ под диригентската палка на Катерина Попоска, дипломиран музичар теоретичар и педагог. Во своето едногодишно постоење, хорот постигна забележителни резултати на државно и меѓународно ниво. Тие ќе се претстават со духовни композиции од Бортњански, Архангелски и други, како и македонски народни песни.
– Црковниот хор „Св. Петка“ под диригентската палка на протопсалт м-р Гоце Секулоски. Хорот активно учествува во молитвено-литургискиот живот на храмот и останатите храмови во Прилеп, а има настапувано на бројни културни манифестации во Македонија. Тие ќе се претстават со духовни композиции од композитори како Христов, Мокрањац, К. Македонски, А. Бадев, Скаловски, Секулоски и други.
„Присуство на овој концерт не само што ќе го збогати вашето духовно и музичко доживување, туку ќе придонесе и кон доизградбата на нашиот свет храм. Затоа Ве покануваме да ни се придружите заедно со вашите семејства и пријатели и со вашата поддршка да помогнете во оваа благородна акција. Секој ваш придонес е чекор поблиску до нашата заедничка цел.
Ве очекуваме со радост да ја споделиме оваа музичка и духовна вечер.информираат од „Организационен одбор на хуманитарните концерти „Од векови за векови“.