11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Спас за Прилеп им понуди алтернативни решенија на Бехтел и Енка, ќе има ли решение?

Во текот на вчерашниот ден во Општина Прилеп, на иницијатива на неформалната група „Спас за Прилеп“ и градочалникот Борче Јовчески се одржа средба за изнаоѓање решенија за надминување на несогласувањата за ископ на градежен материјал за потребите на Бехтел и Енка кај Оревоец. Во врска со одржана средба граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ го објави следното соопштение:
Соопштение до македонската јавност:
Во текот на вчерашниот ден во Општина Прилеп се одржа работен состанок на претставниците од Бехтел и Енка со претставници на с. Ореовец, на кој од страна на жителите на с. Ореовец беа пренесени аргументираните причини за неможноста да се врши ископ на материјал од непосредна близина на селото поткрепени со експертски наоди од вешти лица од различни области.
Им беше укажано на апсолутните грешки на ЈПДП при планирање на проектот во делот на локацијата на ископот до населеното место за кое постои урбанистички план и на потребата Бехтел и Енка да го надмине таквиот проблем со ЈПДП. Воедно на претставниците на Бехтел и Енка им беа посочени алтернативите за непречена реализација на проектот во тој дел преку реализација на децениски ветуваниот проект за обиколницата над вештачкото езеро за кој од пред неколку години постои готов проект за кој е донесено и одобрение за градба а на терен патот е реализиран до фаза на постоечки тампон по кој и сега можат да се движи тешка механизација па на таков начин да се скратат трошоците за транспорт на материјал кој би се подигал од турскиот концесионер Фимар Балкан.
На таков начин ќе се реши деценискиот проблем со јаловината од овој концесионер која го загадува воздухот во градот а неспорно ќе се реши сообраќајниот хаос кој се предизвикува во градот преку циркулација на тешката механизација на Сивец, Фимар Балкан и другите концесионери кои со децении ја уништуваат сообраќајната инфраструктура во градот.
Во секој случај на оваа средба жителите на населените места Ореовец, Плетвар, Крстец, Лениште и Маркова Чешма ја пренесоа пораката дека рудник на дадената локација нема да се дозволи да постои затоа што тоа е спротивно на домашните и меѓународни правни норми.
Отсуството на претставници на ЈПДП само го потврди постоењето на огромните пропусти во планирањето на проектот на овој дел од трасата а кои се потврдија од страна на стручни лица од различни области и затоа до претставниците на Бехтел и Енка беше порачано да направат обид на инвеститорот ЈПДП да му укажат на таквите катастрофални грешки и да ја потврдат потребата за да се отстранат, со цел државата а не жителите на овие населени места да дозволи непречена реализација на проектот.

Би можело да ве интересира

ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ДРЕН 2023“

Пела Редакција

Во Прилеп слави ВМРО ДПМНЕ со (неофициално) три свои пратеници

Пела Редакција

Комфи Ангел со хуманитарна акција во Охрид

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе