11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изгоре и најеколошкиот крај, Мариово

Му нема спас ни на Мариово. Пламените јазици предизвикани од човечки фактор, создадоа уште една еколошка катастрофа во Македонија, и стигнаа  во недопрената природа на чистото, убаво, мирно Мариово, кое само пред неколку дена беше најеколошката област во Македонија. Намерно или случајно, од гром или човечки фактор, Мариово гори четврт ден  во линија од  20 км. Горат нискостеблестите растенија, ретката борова шуми, гори животот во оваа прекрасна област, најретко населена и чувана од човечкото еко – разбитисување… Но, и, покрај вербата дека остана Мариово недопрено од пожарите кои беснее во Македонија, на крајот од летото , ете, пожарите не ја одминаа ниту оваа област. Чадот го покри и Прилеп, а миризбата од густ чад го надразнува грлото на прилепчани кои се жалаат на квалитетот на амбиенталниот воздух, додека месното населени мариовско, пак, покрај во чад се гуши и од страв, за своите имоти, стока, пчели, манастирски комплекси,за својот живот…   Толку многу чад што експертите за спречување на пожар на отворено забранија да полетуваат дури и хеликоптерите, кои чекаа на готовс да полетаат за да интервенира од воздух .

Со пламените јазици се борат над 200 пожарникари – професионалци, припадници на Армијата, од специјалната полиција, од ЈП „Национални шуми, пожарникари од повеќе градови,  доброволци, месното населени  кои со  мака го гаснат големиот пожарот, а  тој останува активен и се наместо да стивнува се шири. Се ближи и кон манастирскиот комплекс Прилепец, додека се штитеше  манастирот Св. Ѓорѓија кај с Дуње…Пожарот никако да стивне овој петти ден.

Бројни пчелни семејства веќе се уништени од густиот чад и изгорените падини, билките одамна изгорени, животински свет го напуштил овој пределот или изгорел во распламтениот пожар кој не стивнува, а жителите и прилепчани уште повеќе загрижени..Е, токму со оваа свест или совест, која ја немаме кон природата, кон она што треба да го негуваме и чуваме како “зеница во око„ ,како дар од Бога, ќе ја сносиме и одговорноста,па сите ќе си го платиме цехот. Зашто природата казнува! Нека не не’ чуди во иднина зошто еколошкиот мариовски мед ќе има толкава висока цена, зошто природните лекови направени од еко чисти мариовски билки и билните чаеви се толку скапи, зошто млечните производи и овчкото мариовско сирење има цена што не е за нашиот стандард?  Зошто немаме дивеч, зошто нема  мариовски круши, каде исчезнаа дренките, печурките, мариовските смокви?

И, во оваа цела “пламена“ рашимонијада, редно е како граѓани да повикаме и на одговорност:  „Зошто од мал оган се дошло до ситуација да се  создаде пламен обрач од 20 километри?“ “Кој ќе сноси одговорност од настанатата ситуација –  морална, (па доколку има причини и кривична)?„ „ Дали виновникот или виновниците на пожарот ќе бидат санкционирани?„

Редно е одговорност да има, зашто вака, секојдневно, со изреката “виновникот непознат“ ни изгоре цела Македонија, без правна одговорност за настанатата штета –  за изгорените шуми, за зачадениот воздух кој го дишеме,  за дивите животните и уништеноте билки кои изгореа во распламтените планини,  за непреспиените ноќи, изгореници и стравот за  имотите и живот на илјадници луѓе кои дирекно или индирекно беа вклучени во пожарите… Кој ќе ја плати цената на УНИШТЕНОТО?!

 

Би можело да ве интересира

„Изгубена“ дефиницијата за „чување на опшественото добро„

Елизабета Филипоска

Пандемијата со Ковид-19 беснее, а тензиите на пациентите растат

Елизабета Филипоска

Информиран пациент – подобра грижа за сопственото здравје

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе