6.1 C
Прилеп
понеделник, 3 март, 2025
Пела Радио

Пожарите во Мариово под контрола – активен е сеуште пожарот с.Дрен – с.Смолани

Во текот на денешниот ден, недела, 08.09.2024 година, до 13:30 часот, има вкупно 9 пожари на отворен простор во Македонија , од кои активен е  пожарот во  с.Дрен – с.Смолани  каде гори букова шума,  a под контрола се 4 пожаро и изгаснати  4 пожари, информираат од ЦУК.
За среќа  ПОД КОНТРОЛА се пожарите во: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен  каде гори  нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума;  Под конторла во  Општина Прилеп  е пожарот кај Дервен каде гореше шума,  како и пожарот во Општина Долнени: с.Десово  каде гори сува трева и ретка деградирана шума.
Дожд што вчера паѓаше во попладневните часови значително придонесе пожарите во мариовскиот  крај да се стават по контрола и прилепските пожарникари и доброволци да здивнат од седумдневната активна битка со огненената стихија која започна пред едена недела на територијата на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ! Магла со видливост до 50 метри има во Прилеп, Битола, Кичево и во Македонски Брод

Пела Редакција

Кафулињата од денeска отворени. Но, пред пиење кафе, дезифицирање на раце

Елизабета Филипоска

Помош за семејството чија куќа утринава изгоре најави општината

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе