11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Продолжува хуманитарната акција за Турција и Сирија на пунктот во Прилеп

Денеска втор ден беше отворен пунктот за собирање на донации од прилепчани наменети за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Кај камената бина на плоштадот Александрија во организација на општина Прилеп граѓаните принесуваа облека, обувки, храна, постелнина за хуманитарна помош на семејствата кои останаа без своите најмили и без своите домови.

Акцијата продолжува и наредниве денови со одредени препораки од Амбасадата на Турција во Македонија и Црвениот крст во која се вели:„Материјалната помош да биде нова, спакувана и согласно зимските услови.“

 

Воедно, се препорачува со оглед на потребите и транспортот и храната која што ќе се донира да исполнува одредени предуслови, пред се’ да биде конзервирана, а крајниот рок на траење да биде најмалку 6 месеци.

Пунктот за хуманитарна помош ќе биде отворен и в понеделник 13 ти февруари кога на пладне ќе се одржи Вонредна 22 седница на Советот на општина Прилеп на која ќе се одлучува за висината на финансиската помош за двете земји Турција и Сирија чие што население настрада во земјотресот на 6 ти овој месец.

 

Би можело да ве интересира

Показна вежба на ТППЕ – Прилеп на ден на пожарникарите

Пела Редакција

Македонската рурална жена е сеуште дескриминирана без право на породилно отсуство и боледување

Елизабета Филипоска

ВНИМАТЕЛНО! Пак, пропадна асфалтот кај кружниот тек кај Поштата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе