10 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

Вештачката интелегенција во служба на екологијата – Меѓународна работилница во Прилеп

Повеќе од 20 експерти од земјите на Западен Балкан учествуваат на меѓународната работилница „Промоција на еко-активизам поддржан од вештачка интелигенција во Западен Балкан“ што ја организира „Центарот за иновации и развој ИНОС“ од Прилеп во соработка со „Quantum AI Foundation“ од Полска.

Вештачката интелигенција може многу да помогне во зачувувањето на животната средина, а граѓаните да бидат активни учесници за детектирањето на проблемите со отпадот, заклучија учесниците на работилницата која трае денеска и утре во Прилеп.

Целта е да се промовира меѓусебна соработка и размена на знаења помеѓу земјите од Западен Балкан и да се поттикнат нови иновативни решенија за справување со климатските промени и зачувувањето на природата преку примена на вештачката интелигенција.

-Нашиот Центар за иновации и развој вторпат учествува во програмски софтвери за заштита на животната средина.Прво за детектирање на загадувањето на воздухот, а сега и за заштита на средината преку детектирањето на проблемите со отпадот. Софтверската компанија со која Центарот за иновации и развој е во тесна соработка изработи софтверско решение во кое граѓаните може да партиципираат во лоцирањето на сметот.Вештачката интелигенција во ова софтверско решение е имплементирана да може да го препознае типот на сметот: пластика, метал, хартија, био-отпад, градежен шут. Секој со мобилниот телефон може да направи фотографија и преку апликација да се проследи.  Со тоа може да се детектира локацијата и видот на отпадот за да се исчисти.Софтверското решение може и да анализира каде има смет, дали се потребни дополнителни средства да се подигне или контејнери. Прво сакаме да детектираме како функционира во Прилеп и некоја соседна општина. Подготвени сме решението да го понудиме на заедницата, објаснува Ѓорѓи Манчевски, универзитетски професор и основач на Центарот за иновации и развој од Прилеп.

Златко Ристески од Прилеп, долгогодишен проучувач на состојбите со решавање на проблемите со комуналниот и друг вид отпад, го поздравува софтверското решение за заштита на животната средина.

-Тоа многу ќе ја олесни работата во решавање на комуналните проблеми, во заштитата на средината и детектирањето на потребните средства и ресурси да се намали загадувањето преку отпадот, а ќе помогнат граѓаните, вели Ристески, управител со отпад.Земјите од Западен Балкан мора да ги следат светските практики.

-Имаме платформи, неколку апликации и видовме дека има резултати. Пред сѐ, тоа треба да дејствува кај најголемата популација која ги користи социјалните мрежи. Интенција ни е токму младите од 25 до 35 години кои се најактивни на Интернетот да ги натераме да обратат внимание на заштитата на животната средина. А нам, на земјите на Балканот ни треба работа на подигнување на свеста, а таа работа треба повеќекратно да се зголеми, зашто има одреден отпор поради навиките на населението, изјави Александар Видановиќ од Здружението за екологија и заштита на животната средина „Геа“, Србија.

Оваа меѓународна работилница е поддржана од Централноевропската иницијатива.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ДРЕН 2023“

Пела Редакција

Тутунарите јавно го повикуваат претседателот Пендаровски да присуствува на протестот во Прилеп

Гордана Цветаноска

Ново возило и опрема за ТППЕ Прилеп, интензитетот на пожари се зголемува

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе