Од денеска стапува на сила законот за нефер трговски практики во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи, кој дополнително треба да ги намали цените на производите и според најавите да стави ред во трговијата.
Со него се опфатени 2.500 производи, меѓу кои се речиси сите видови на млечни, месни и сувомеснати производи, јајца, бројни видови на риби и тестенини, како и овошје и зеленчукот, на кои профитната маржа им е ограничена до 10 %, па се очекува иститите толку и да бидат намалени. Се ограничува и рабатот, а покрај тоа трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и истакнување на одреден производ на полица, вели заменик министерот за економија Марјан Ристески кои денеска, неформално, се прошета низ прилепската чаршија да се увери во спроведување на законската рекулатива наречена „Закон за нефер трговски практики“.
Ставовите се усогласени со стопанските комори. Спроведувањето на законот ќе го контролира Комисијата за заштита од конкуренција.
–
Од понеделник ќе видиме како се усогласува Законот за нефер трговски практики, а првичните информации ќе ги имаме од Комисијата за заштита од конкуренција. Од она што како Министерство го имаме како информација е дека договорите меѓу производителите и добавувачите со трговците се променети за да се усогласат со Законот и процесот е во тек, до понеделник. Законската обврска беше до денеска, 28 септември сите договори да бидат променети, освен оние кои имаат рокови и ќе траат додека е нивната важност. Потоа ќе се променат според новите правила и регулативи во Законот за нефер трговски практики, објаснува заменик министерот за економија Марјан Ристески.
Според Ристески, видливи се ефектите и од мерките за есенската потрошувачка кошничка. Има намалувања од 6 до 12 проценти, а на терен е пазарната инспекција.
–
Од она што го кажуваат пазарните инспектори и граѓаните, имаме намалување на цените на 73 производи по категории. Инаку бројката опфаќа 500 до 600 производи, опфатени со оваа есенска кошничка. Веќе намалувањата изнеснуваат од 5 до 12 проценти, во зависност од производите и во зависност од големината на маржата што ја имале претходно, изјави денеска заменик минсиерот за економија, Марјан Ристески.
Контролата за промена на овој Закон ја врши Комисијата за заштита од конкуренција која во наредните три месеци, односно до крајот на годината , доколку утврди дека при склучување на новите договори не се испочитувани одредбите на Законот, ќе опомениува, односно нема да се преоѓа веднаш на казнување.