

„Упатуваме апел до сите граѓани и земјоделци да покажат максимална одговорност и да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита од пожари. Особено се нагласува забраната за палење стрништа, сува вегетација и друг растителен отпад, како и забраната за користење отворен оган во близина на шуми, пасишта и земјоделски површини. Земјоделската механизација која учествува во жетвените активности треба да биде технички исправна и опремена со соодветни противпожарни средства. Потсетуваме дека непочитувањето на законските забрани повлекува соодветни санкции, а секој граѓанин кој ќе забележи пожар или непосредна опасност од негово настанување е должен веднаш да ги извести надлежните служби на телефонските броеви **193**, **192** или **195**.“ информира и апелира градоначалникот на Општина Кривогаштани, Игор Каравилоски.

