27.6 C
Прилеп
среда, 15 јули, 2026
Пела Радио

Вандалски чин без вода остави две села во Општина Кривогаштани

Поради оштетување на вентили од водоводната мрежа на  општина Кривогаштани жителите од с.Годивле и с. Кореница,  останаа  два дена без вода. Полицијата веднаш по пријавата излегла на терен и најави барање на сторителот или сторителите.
Ноќта, помеѓу 14 и 15 јули 2026 година, од страна на засега непознат сторител или сторители, беше извршено кривично дело при кое беа оштетени два вентили од јавната водоводна инсталација што ги снабдува со вода населените места Годивле и Кореница. Како последица на овој вандалски чин, беше нарушено водоснабдувањето на жителите од овие населени места. Настанот веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а на местото беше извршен увид од страна на надлежните служби.

“ Најостро го осудувам секој облик на уништување на јавната инфраструктура, особено кога со таквите постапки директно се загрозува нормалното функционирање и квалитетот на живот на граѓаните. Апелирам до Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите неопходни мерки и активности за што побрзо откривање на сторителот или сторителите и нивно санкционирање согласно одредбите од Кривичниот законик. Општина Кривогаштани ќе продолжи да соработува со надлежните институции со цел целосно расчистување на случајот и заштита на јавната инфраструктура, која е сопственост на сите граѓани“ истакна градоначалникот на Општина Кривогаштани, Игор Каравилоски

Би можело да ве интересира

И вечерва, по 78 години, Прилеп исправен пред историјата

Првото бебе во Прилеп во Новата 2020 е машко

Прилеп на врвот, двајца починати и 80 новозаразени

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе