Традиционалните, илинденски коњаници тргнуваат кон Крушево кон крајот на овој месе, јули за да стигнат за прославата на големиот празник Илинден на Мечкин Камен. Повеќе коњаници од различни градови во земјава традиционално се упатуваат кон Крушево. 
Денеска тргнаа коњаниците од Радовската коњаници од струмичко, кои добија благослов од свештеникот при црквата “Св.Илија” од Радово пред тргнување кон славното Крушево.
Пред еден ден, Здружението „Кочанска коњаница – Осоговски Елит“ во соработка со битолската коњаница „Галоп“ дргнаа со 10 тици конаници кон Мечкин Камен за да стигнат навремено на големиот македонски празник, Илинден. Со овој чин, Кочани и Битола уште еднаш потврдија дека се гради кои ја почитуваат и негуваат сопствената историја и националните вредности.

Коњаница , пак, од „Бигорски манастир“ тргна исто така по долг пат од околу 250 километри, носејќи ги илинденските идеали.
Утре, пак, околу 40 коњаници ќе тргнат од Горно Лисиче кон Крушево , продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Скопксите коњаниците ќе тртнат од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, а најавено е да има меѓу нив ќе има и околу пет/шест девојки.
На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Струмица, Кочани, Битола, и од другите градови на Македонија, и, сите заедно, веќе, на први август ќе влезат во Крушево.

Попратно коњаниците, ги посетуваат и поминуваат со својот марш, низ општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани, каде секогаш се дочекани со огромно задоволство и нескриен восхит.

