5.1 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

И, по петти пат промена на составот на Советот на општина Прилеп – дебата за развојните програми на градот

На местото на советникот Александар Алексоски, кој ја презеде функцијата директор на Тутунскиот комбинат-Прилеп, од совеничкиот состав на ВМРО ДПМНЕ и беше само две/три седници советник,  од денеска нов советник е Снежана Парапанска од советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Одлуката е донесена на денешната Седница на Советот на Општина Прилеп. Инаку, во четиригодишниот мандат, составот на овој Совет се променува по петти пати, од првоизбраниот во 2021 година. Поради парламентарните избори и добивање на пратеничка функција на претходни советници, Дејан Проданоски и Билјана Кузманоска , местото на Кузманоска како советник, беше заменето со Мирјана Конеска, а местото на Проданоски го зазеде, Влатко Петкоски од ВМРО ДПМНЕ. Промениете на составот настана и минатата година. Советникот на Левица, Методија Костоски кон крајот на минатат година си даде неотповиклива оставка од Советот на Општина Прилеп, а на негово место дојде Катерина Пузеска, а во советничкиот состав на СДСМ, како нов советник пристигна, Мирјана Крстеска. И, сега составот повторно добива нов член, по петти пат.

По верификација на мандатот на новиот член на Советот на Општина Прилеп, советниците ја започнаа својата работа.

Се водеше подолга дебата за предлог-планот на развојни програми на Општина Прилеп за 2025-2027 година , каде советниците од опозицијата сметаа дека предложената програма не е развојна и дека не содејствува на потребите на граѓаните. Раководителот на Секторот за урабанизам,  објаснуваше дека равојната програма нуди изградба на кружни текови, сообраќајници, паркинзи итн, објаснуваше зошто некои од проектите ќе претрпат измени,  како ќе се трасираат дел од сообраќајниците…, но, дискусијата продолжи по оваа точка, на која се вклучи и градоначалникот на Прилеп, кој одново ја потенцира финансиската тешкотија со која локалната самоуправа се соочи на стартот, затекнатите долгови од 294 милиони и преземени обврски за враќање, ги наброи реализираните проекти посочувајќи ги и проектите кои треба да се реализираат. Но, опозицијата незадоволна од одговорите, тврдеше дека Прилеп со програмите на ВМРО ДПМНЕ како локална самоуправа – стагнира. Стана збор и за тоа кога ќе биде пуштена во употреба детската градина во нас. Точила, на која Претседателката на Советот повика на трпеливост.

По неколку паузи и долга дискусија по оваа точка, советниците преминаа и на предлог- одлуката за квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за трет квартал од 2024 година, која исто така наиде на дискусија кај советниците за начинот на користење и распределба на  средства од Буџетот, а раководителот на финасии при локалната самоуправа со бројки го образложи начинот и потребите за извршување на Буџетот во дадениот период.

Советниците од опозицијата не останаа рамнодушни и по точката за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација”- Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година. Критикуваа дека водата има повисока цена и побараа одговор од раковдителот на ова јавно претпријатие за квалитетот на водата.Тој пред советниците укажа на потребата од користење на водата од бунарите и потенцира дека издашноста на изворот “Студенчица“ е значително намален и не може да ги задоволи капацитетите на градот.

Советниците ја продолжија дискусијата за работењето на ЈП за ПУП -Прилеп  каде се најде  тримесечниот извештај за финансиското работење на ова претпријатие, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година,  како и предложената одлука за потребата за корекција на број на возења со електронски возни картички во јавниот градски превоз.  Овие точки беа критикувани од опозицијата, која сметааше дека одлуките се неосновани и се на штета на граѓаните.

По шестчасовна работа советниците дадоа согласност и на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година, ја усвоија програмата за инвестиции во ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за 2025 година, предлог-одлука за усвојување на Програма за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп, за 2025 година,  Програма за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Прилеп, за 2025 година, програма за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини и Програма за подигање и одржување на зеленило, за 2025 година, програма за работа и одржување на градските гробишта и капела, за 2025 година, како и програма за работа на прифатилиште за бездомни кучиња, за 2025 година. Го прифатија и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година, дадоа согласност на годишниот план за измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2024 година на ООУ ,,Кире Гаврилоски-Јане’’-Прилеп,  и за програмите а за изведување на научно наставни-екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ ,,Климент Охридски’’ -Прилеп и на ООУ ,,Добре Јованоски’’-Прилеп.

Би можело да ве интересира

Николоски денеска од Прилеп: Здравството е катастрофално – корупциски скандал е набавка на хеликоптери од компанијата „Леонардо“

Пела Редакција

Награда од Oпштината за пожртвуваност на пожарникарите во гаснењето на пожарите ова лето

Пела Редакција

Стеријовска: Ќе се засадуваат по 2 милиони дрвца годишно

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе