18.5 C
Прилеп
четврток, 23 јули, 2026
Пела Радио

Тројца прилепчани повредени – возило излетало од патот

Вчера околу 15.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(74) од Прилеп, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Дождливо време во Прилеп – на места појава на невреме со пообилен пороен дожд

Пела Редакција

Страшо Илиески ќе го предводи РК Прилеп

Пела Редакција

Колкави се шансите Универзална сала да биде повторно активирана?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе