1.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ: Почина прилепски уметник Богдан Грабулоски -Боначо

Богдан Грабулоски – Боначо ( 1948 – 2024)  остави неизбришлива трага во современата македонска ликовна уметност. Витезот на одделот за уметност наа Ordine Accademika Internazionale – Greci Marino, Вербано, Италија, долго ќе се памети. Беше уметник кој реализираше бројни самостојни изложби во родниот град, во Скопје, Битола, Охрид, Куманово, а беше дел од претставувањата на групни изложби во Мурска Субота во Словенија, во Софија, Панчево, Истанбул, Суботица, Санкт Петербург.., на Интеранционалното биенале во Сао Паоло.

Богдан Грабулоски Боначо беше дел од манифестациите на ЦСЛУ, на колониите во Сопоча и Комарио. Добитник на наградата во Мурска Субота, на Нерешки мајстори во 1986 година, на СОРОС центарот за годишна изложба. Беше дел и од кусиот филм „ Крикот на глувонемиот“.
Академија за ликовни уметности завршил во Приштина во 1980 година, а магистрирал на Универзитетот за уметност во Белград. Го трасираше својот уметнички пат како вајар, создавајќи многубројни дела во камен, но се „проба“ и во други техники. Беше автор на спомен обележјето Карпалак во кругот на прилепската касарна.

Со години придонесуваше за ликовниот живот во градот, организирајќи изложби во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Административно од ЦК „Марко Цепенков“ во пензија замина со изложба, на која тогаш рече: ,, Софија на стол“ е скулптура во камен на која работев 30 години. Ја изложувам заради тоа што и сега е актуелна, интересна и ја претставува мудроста на малиот стол. Инспиративна е мудроста во мислата. Од бел камен сивец е“ рече тогаш Боначо.

Богдан Грабулоски – Боначо за речиси 30 годишното творештво создаде многу дела, слики и цртежи. За него уметноста беше живот, таа  пулсираше во секоја негова клетка.

Би можело да ве интересира

Македонија го чествува споменот и делото на Свети Климент Охридски

Гордана Цветаноска

Промоција на нова книга за деца од Лина Димоска

Пела Редакција

Да му помогнеме на бебето Марија кое штом ќе заспие не диши

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе