0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Јанески: да ги спасиме изворите, Оревоец и водоснабдувањето на Прилеп!!! (ВИДЕО)

Кампот на „Спас за Прилеп“ неформалната група граѓани кои деноноќно стражарат во заштита на природата и единствените природни извори на Прилеп кај Оревоец добива помош и поддршка од Прилеп и цела Македонија. По спречениот обид камионите на Бехтел и Енка (со големо присуство на полицијата на 15 ти ноември)  да превезуваат тампон од ископот кај Оревоец – деновиве нема активности.  Денеска кампот го посети Емил Јанески, поранешен директор на ЈКП Водовод и Канализација Прилеп, а денес ВД директор на КПД Затвор Прилеп. Тој ги сподели информациите со присутните за единствените природни извори на вода во општина Прилеп, колкаво е нивното значење и зошто треба институциите да се разбудат, да реагираат и да го спречат секое рударење и минирање .

„Се најдуваме во близина на местото каде се врши екслоатација на земјиштето заради ископување на тампон за градење на автопатот, во близина на четирите извори кои што го снабдуваат градот со вода Душница, Пештерица, Леково и Пашовски ливади, кој што патем е реконструиран пред неколку години и за него се потрошени околу милион евра, водата се собира на собирна шахта во близина на Касарните, таму се третира и се внесува во водоводната мрежа со која градот се снабдува со вода.  Секоја експлоатација на земјиштето, посебно со минирање, може да предизвика тектонски пореметувања под површината на земјата, изворите да бидат затрупани, водата да понира долу или дагата по која што се движи водата да го смени правецот и водата да не заврши до собирната шахта. Од тука апелирам до сите државни институции и задолжени за решавање на овој проблем да најдат алтернативни решенија за експлоатација на земјиштето на друго место заради ископување на тампон, а ги повикувам сите граѓани на Прилеп да дадат поддршка на овие граѓани кои што се овде!Првенствено да го спасиме водоснабдувањето на нашиот град, а второ да го спасиме и селото Оревоец и изворите на селото Оревоец и куќите кои што се наоѓаат во самото село,“ посочи Јанески.

Од природните чисти извори кај Оревоец не добива вода само градот, туку и попатните населби до градот по гравитационен природен пат, и тоа вода за која што градот не плаќа ништо за разлика од онаа на Студенчица. Експлоатација на овие извори е од големо значење за прилепчани бидејќи практично поевтинува водата која што се добива од ЈКП Водовод и Канализација Прилеп:

„Доколку се изгуби водата од овие извори кои што во оптимални услови не би имало проблеми во водоводната мрежа, треба да даваат при лоши хидролошки услови 50 литри во секунда, при добри хидролошки услови 90 л/секунда, што е добра кубикажа, замислете која би била цената доколку тие литри вода ги купуваме од Студенчица, која што исто така може да се случи во лоша хидролошка состојба да не не’ снабдува со доволни количества од вода“, потенцира Јанески повикувајќи ги граѓаните за поддршка на иницијативата „Спас за Прилеп“ за како што вели „да се разбудат институциите“.

Јанески беше директор на ЈКП Водовод и Канализација Прилеп во период од 2017 до 2021 година.

 

Би можело да ве интересира

Утре, петок, без електрична енергија повеќе населени места

Пела Редакција

ВНИМАТЕЛНО: Водата за пиење на неколку јавни чешми е неисправна за употреба

Општина Прилеп и Друштвото за наука и уметност потпишаа меморандум за соработка

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе