0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Башеска: Борбата меѓу доброто и злото е моја инспирација

Разговор со Ангелка Башеска, ликовна уметница од Прилеп која живее во Дубаи

 

Во 2022 и 2023 година, од Пинакотека, музејот во Луксембург, чиј основач и актуелен претседател е Херве Ланселин, еден од највлијателните куратори во Европа, добив сертификат за уметнички достигнувања, што беше чин кој ме насочи како треба да продолжам.

По долгогодишно живеење и творење во Прилеп, Вие одлучивте да направите животен пресврт, да го напуштите родниот град и да му дадете нов облик на животот. Зошто?

Основниот мотив беше да бидам со моите деца каде и да одлучат тие да живеат. Заминаа во Дубаи, а по неполна година заминав и јас.

Колку нови хоризонти и инспирација отвори животот во Дубаи?

Секако дека промената на местото на живеење делува на човекот и дека се отвораат нови хоризонти, инспирацијата не смее ни да биде доведена во прашање, но сето тоа е и повик и да го најдеш својот пат во новата средина, да бидеш препознаен и како најважно од се, да останеш свој без оглед каде живееш, какви се животните прилики.

 На социјалните медиуми често можеме да видиме ваши објави за успесите кои ги доживувате на ликовната сцена во Дубаи но и на меѓународно ниво. Раскажете ни  околу тоа…

Во 2022 и 2023 година, од Пинакотека, музејот во Луксембург, чиј основач и актуелен претседател е Херве Ланселин, еден од највлијателните куратори во Европа, добив сертификат за уметнички достигнувања, што беше чин кој ме насочи како треба да продолжам. Во свет каде никого не познавате, се впуштате во авантура каде може лесно и да се

 

биде посрамен, добив потврда дека сум на добар пат во мојата творечка приказна. А откако почнав да изложувам во Дубаи, бев брзо препозната. Почнаа да ми пристигнуваат покани за учество на разни изложби организирани дури и од Дубаи Култура, што за мене беше голема чест но и радосно изненадување  како тоа државна институција ме препознала во недогледното изобилство на уметници кои живеат и работат во Дубаи.

Кои мотиви преовладуваат во вашето актуелно ликовно творештво?

Личниот мотив да се твори е повик на кој битието одговара низ дарот кој му е даден. Моја вечна инспирација е борбата меѓу доброто и злото, а таа борба е мотив секогаш и кога сликам ангели и кога темата е ако гледаме површно нешто друго, но таа борба, а секако и победата на доброто раскажана низ симболите на Православието, богатата култура и историја на Македонија.

Размислувате ли за враќање во родниот град и дали постојат можности за културно вмрежување меѓу Дубаи и Македонија?

Што се однесува за моето враќање во Прилеп, не би знаела да кажам, никој не знае што носи животот, а можности за вмрежување на Македонија и Дубаи постојат, треба да сака Македонија на државно ниво, а гостољубивоста овде е најубавото нешто кое прво го забележувате.

 

Разговорот го водешe: Филип Димкоски

Фото: приватна архива на Ангелка Башеска

Би можело да ве интересира

Монистра – целовечерен концерт во Прилеп

Промовирана монографија за Мариовско – мегленските културни средби

Елизабета Филипоска

ВЕЧЕРВА, ЧЕСТВУВАЊЕ ПО ПОВОД 100 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БОРКА ТАЛЕСКИ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе