-0.7 C
Прилеп
понеделник, 7 април, 2025
Пела Радио

Комитски марш – 139 години од битката на четата на Коне Павлев кај манастирот Св. Архангел на Варош

Културно истражувачкиот документациски центар „Калеш Анѓа“ за Мариово и Планинарското друштво „Јане Сандански“ Прилеп организираат чествување по повод 139 години од битката на четата на Коне Павлев и неговото загинување кај манастирот Свети Архангел Михаел на Варош.

Комитскиот марш е планиран како културно-туристичка планинарска тура да се реализира в недела, на 9 ти март.

Кој бил војводата Коне Павлев?  

Коне Павлев е од оние прилепчани кои не сакале да ги трпат зулумите на турските поробувачи и со пушка излегол да се бори против тиранијата. Него го среќаваме во друштво со прилепските момчиња кои често доаѓале во судир со Турците во Прилеп. Овие прилепски момчиња биле надарени со посебна смелост и се занимавале со повеќе активности, кои често биле нелегални и причина за да бидат прогонувани од турската власт.

Скромни се податоците за раѓањето, потеклото и животот на Коне Павлев во Варош и Прилеп. Како комита и војвода на чета го среќаваме по времето во кое во Прилепско дејствувал војводата Диме Шике, кој 1879 година направил голем грабеж на поштата, која доаѓала од Велес за Прилеп. Всушност, смелите подвизи на постарите комити од типот на Шике биле поттик за помладите Македонци од Прилеп за јуначки дела. Времето во кое се појавил Коне Павлев се одликува со напредна младина, која често се школувала, како во прилепските училишта, кои во тоа време доживеале нагласен развој, така и во училиштата од поголемите градови на Балканот, па и метрополите на Европа, како што се Солун, Софија, Белград, Москва, Петерсбург, Париз и други.       

Коне Павлев го среќаваме и во големата чета на Калмиков, која 1885 година била разбиена кај Демир Капија. Оттаму тој се вратил во Варош со своја чета, која била остаток од разбиената чета на Калмиков. Во неа влегувале следните комити: Даме Козаров, Аце Чавлев, Ничо Роканоски, Веле Бешмаде, Јован Шашарајка, Мицко од Ресен, Васил Журко, Спиро Тенекеџијата, Ѓорѓи Ориганчето, како и братот на Коне Павлев, Димко Павлев.9 Вкупниот број на четниците од Коневата чета бил околу 11 души.
Пролетта 1986 година, на празникот Тодорова Сабота четата е повикана во варошкиот манастир Св. Архангел Михаил од страна на питропот Илија Педа со молба да го убие полјакот кој во Варош правел секакви зулуми.

За жал, намерите на Илија Педа не биле чесни. Повикувајќи ја четата тој во исто време ги известил и турските власти кои подготвиле заседа за да ја уништат четата. Аскерот заседнал зад зградите на манастирот и кога Коне стапнал на прагот на манстирот тие припукале и тешко го раниле. Турците го раниле и братот на војводата Димко во ногата, но тој успеал да избега најпрво во Варош, а потоа и во Прилеп. Војводата Коне Павлев со магаре е донесен во конаците на манастирот и тука по кратко време починал. Останатите членови на четата одејќи поназад при доаѓањето во манастирот, биле предупредени од првите истрели и успеале да избегаат.

Немал среќа да се спаси ниту братот на Коне Павлев, Димко. Другиот ден, по битката кај манастирот Св. Архангел Михаил, Турците тргнале по трагите од крвта која течела од раната на комитата и тој бил пронајден скриен кај неговата тетка од каде го зеле и го затвориле во турскиот затвор во кој биле затворени Турци катили. Ноќта бил изложен на измачување од затворените Турци, кои скокале на неговото тело легнат на подот и така го убиле.

Би можело да ве интересира

ДНУ Прилеп – 50 години стожер и промотор на научната мисла

Гордана Цветаноска

УТРЕ СЕ ПУШТА САЈТОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ОД КОВИД – КАКО ЌЕ СЕ ВРШИ ПРИЈАВУВАЊЕТО?!

Елизабета Филипоска

Согласно Законот за празници покрај редовните 21, уште два дополнителни неработни дена поради изборите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе