23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Општина Прилеп ги повикува даночните обврзници да си ги подмират даночните обврски за 2024

Со цел да се избегне блокирање на сметките и настанување на дополнителни трошоци, Општина Прилеп повикува сите даночно обврзници кои имаат заостанати и неплатени обврски итно да ги подмират своите обврски.

Општина Прилеп ги известува сите физички и правни лица, даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноци на имот, започнува постапка за присилна наплата за сите неплатени обврски заклучно со 2024 година.
Во текот на 2024 година, Општина Прилеп достави опомени за неплатен данок на имот и комунална такса до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијата на општината. Бидејќи рокот за подмирување на овие обврски е веќе истечен, Општината ќе започне со изготвување на Решенија за присилна наплата, кои ќе бидат доставени до даночните обврзници и до носителите на платен промет (деловните банки).
“Со цел да се избегне блокирање на сметките и настанување на дополнителни трошоци, ги повикуваме сите обврзници кои имаат заостанати и неплатени обврски по овие основи, итно да ги подмират своите обврски.” велат од Општина Прилеп

Би можело да ве интересира

Македонските жени регистрирани земјоделки се дискриминирани од државата

Конституиран новиот Совет на општина Крушево

❤️За ВИКТОР ХУМАНИТАРЕН СОБИР СО АВТОМОБИЛИ🚗

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе