Ниските температури, мраз, снег кои што го зафатија регионот на почетокот од месецов предизвикаа незначителни штети во прилепско кај расадопроизводството и житните култури. Едукацијата и информираноста се најдобрите „партнери“ во желбата за квалитетно производство и високи приноси.
„Лечење на вирусни или пак на габични заболувања подразбира два различни третмани. Не може да се употребуваат традиционално познатите препарати кои што наместо корист можат да направат непоправлива штета на родот. Препаратите за заштита и прихрана на растенијата денес содржат комбинации со чија што правилна и навремена употреба ќе се постигне посакуваната економска цел кај земјоделците – зголемени приноси. Но, треба да се знае дека при користење на современите методи, најдобро е да се почитуваат советите на стручњаците – агрономи. Земјоделската аптека Фиталија стои на располагање за совети, располагаме со широка палета од средства за органско или конвенционално земјоделско производство. Во земјоделството важи истата изрека како и за луѓето: „Подобро да се превенира, да се спречи – од колку да се лечи“. Затоа препорачувам да се користат современи препарати и методи со кои што се врши зајакнување на имунитетот на растенијата, се превенираат болести при температурни шокови, а во исто време се подобрува и квалитетот на почвата, “вели Ели Ристеска, агроном инжинер од Земјоделската аптека Фиталија.
За превентивните мерки, во актуелната производна сезона со најава за променливи временски услови и температурни шокови, проследете го разговорот со Ели Ристеска од Земјоделската аптека Фиталија, позади катната гаража кај стара автобуска станица. Ќе се информирате за посебните својства на препаратите со кои располага аптеката и кои се новитетите за комбинирање на повеќе методи за прихрана и заштита на растенијата и почвата.