17.1 C
Прилеп
сабота, 26 април, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Трипуновски: Сакаме земјоделството да биде едно од носечките економски гранки во државата

Во ек на расадопроизводство, период за последни подготовки пред расадување на тутунот во прилепско, тутунарите ја добија државната финансиска поддршка во висина од 100 по кгр предаден тутун. Ресорниот министер Трифуновски при денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарски прашања ја потврди поддршката кон земјоделците и секторот за кој што посочи дека намерата е да прерасне во носечка економска гранка,.

„Ова е една рекордна исплата на субвенција по однос на произведен тутун. Самата реколта тежеше околу 24 милиони кгр тутун, што е двојно зголемување од претходната година. Оваа исплата и оваа откупна сезона Владата покажа дека она што го ветивме во предизборието дека навистина ќе го исполниме, дека ќе го вреднуваме трудот на македонскиот земјоделец, дека субвенции ќе се исплаќаат редовно и Владата ќе го поткрепува овој сектор бидејќи е еден од важните сектори во нашата држава,“посочи Цветан Трипуновски при посетата на Прилеп. 

На новинарско прашање од Радио Пела дали Владата и ресорното министерство планира дополнителни мерки за зголемување на количините бидејќи има недостиг од 20 милиони кгр квалитетен ориентален тутун на меѓународниот пазар, Трипуновски рече дека остануваат посветени за развој на оваа земјоделска гранка:

-Изминативе 10 месеци како Влада заедно со претседателот на Владата г-дин Мицковски докажавме дека навистина се грижиме поготово за оваа гранка во земјоделството. Постигнавме рекордна откупна цена, имаме сувценција која што е исплатена и ова е повеќе од поголем показател дека сакаме оваа гранка да остане туку и да се прошири по квантитет. Се надевам дека ова е доволен стимул за тутунопроизводителите оваа 2025 та година да го зголемат производството на тутун, а ние како држава остануваме посветени да го работиме она што е наша законска обврска да го штитиме нивниот труд, потврди Трипуновски. 

Изминатите 10 месеци ресорниот министер посочи дека биле исплатени 8 милијади денари кон земјоделците на име субвенции заедно со сите заостанати обврски и тековни плаќања како финансиска поддршка, што е околу 130 милиони евра по разни категории кои легнале на сметките на примарните производители.

Ова е уште еден показател дека навистина сакаме земјоделството да биде едно од носечките економски гранки во државата и нормално да го зголемуваме квантитетот на самото производство, рече Трипуновски. 

Ресорниот министер потенцираше дека се забележува развој во сточарството, млекопроизводството бележел тренд на пораст, а годинешната откупна цена на јагнешкото месо достигнала откупна цена од 230 денари за кгр. Во наредниот период треба да се очекува реформа во функционирањето на водостопанските подружници кои во моментов работат централизирано под капата на Акционерско друштво.

– По подмирувањето на заостанатите обврски кон вработените од подружниците денеска имаме редовно сервисирање на платите, но она што значи долгорочно решавање на проблемот и ставање на еден функционален систем на водостопанството значи и мала реконструкција и редефинирање на надлежностите на сите подружници кои што ги имаат од централата. Се работи на оперативен план. Водостопанството е приоритет, без доволна количина вода, не можеме да размислување на квалитетно земјоделство, климатските промени си го прават своето, рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Хуманоста на дело на концерот од The Hounds – Градска Латино ноќ нов хуманитарен предизвик

Елизабета Филипоска

Повторно висока бројка на нови случаи на коронавирус

Елизабета Филипоска

Муабети за театарот, утре во „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе