19.4 C
Прилеп
понеделник, 5 мај, 2025
Пела Радио

Во спомен домот на Конески, Небрегово, одбележани три јубилеи

Во организација на НУ Завод и Музеј Прилеп со интерактивна манифестација денеска во Спомен домот на Блаже Конески во Небрегово беа одбележани три јубилеи: 80 години на македонска азбука, 20 години Спомен дом Блаже Конески и јубилејот 70 години Завод и Музеј Прилеп. Манифестацијата ја пренесе идејата за реалниот лик на Конески, со емотивно запознавање со неговите детски и ученички денови, доловена низ креативни, размислувачки игри и перформанси за најзначајните достигнувања во творештвото на Конески. Учество зедоа ученици и ментори од ООУ „Блаже Конески“- Прилеп, хорот при училиштето, а присутните ги поздравија Мимоза Христоска, директорка на НУ Завод и музеј – Прилеп, Мартина Пројческа, директорка на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

„Македонскиот јазик е наш темел, наш завет и наш патоказ. Тој е живо сведоштво за нашата историја, култура и идентитет. Наша заедничка обврска е да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации. Во духот на мислата на Конески: „Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, ќе ја имаме и татковината“, меѓу другото посочи градоначалникот Борче Јовчески, кој присуствуваше на манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Со дрво помалу остана паркот кај судот- Годинава „отстранети“седум дрва од јавно прометните површини

Елизабета Филипоска

Само 4,5 % од населението кое живее во руралните средини ја користат веб страната на Општината

Гордана Цветаноска

Најдобри ќебапи прават учениците од СОУ Наум Наумоски Борче-Крушево

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе