7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Само 4,5 % од населението кое живее во руралните средини ја користат веб страната на Општината

Рурална коалиција во јуни 2021 година започна со имплементација на проект кој што е насочен кон заjакнување на граѓанскиот мониторинг на давање на е-услуги од страна на руралните општини преку развоj на препораки и застапување за дигитализациjа на локално ниво. Истражувањето покажало дека дигиталните, електронските алатки граѓаните од руралните општини многу малку ги користат.

– Само 4,5 % од населението кое живее во руралните средини ја користат веб страната на Општината како една од основните алатки за комуникација со Општината. Исто така во комуникацијата со општините електронските услуги се застапени само 12 %,  што е навистина мал процент. Со оглед на истражувањето кое го работеше Рурална коалиција  во изминатиот период кога Ковид пандемијата ја поттикна  дигитализацијата во земјоделството, особено во руралните средини, сметам дека согласно резултатите кои што излегоа од истражувањето нема некои големи разлики во однос на тоа колку електронските услуги се користат од страна на руралното население, пред и за време на Ковид пандемијата, иако сите бевме сведоци за гужвите кои се создаваа пред банките, пред локалните институции, особено пред подрачните единици на МЗШВ кога беа потребни да се вадат дозволи за движење за време на полициски час. Ова не поттикна да направиме истражување во руралните општини Кривогаштани, Старо Нагоричане и Врапчиште, како 3 пилот општини, вели Лилјана Јоноски  од невладината Рурална коалција.

Истражувањето било направено на терен со над 300 испитаници, а резултатот е ниската доверба на електронското издавање на документи, всушност и ниската доверба во самиот систем на државата, како и немање на доволна навика и познавање на улсугите кои што ги нудат општините. Причина за ова ниското ниво на дигитална писменост, за што е потребна едукација за користењето на електронските услуги. Над 55 % не ја посетиле веб страницата на општината, ниту пак се обратиле по електронски пат да комуницираат со институцијата Општина, а што се однесува на плаќањето на режиските трошоци само 16 % од населението тоа го прави по електронски пат.

Најзастапениот начин на комуникација е преку шалтер, а граѓаните од руралните средини во најголем процент (над 40% ) за да завршат одредена услуга во општините тоа го прават преку познаници, роднини и слично.

Државата е длабоко завлезена во дигитализација, но, тоа не се прави подеднакво во сите сегменти и средини, особено во руралните општини, каде пак се јавува проблем бидејќи тие се соочуваат со недостиг од финансиски средства за обезбедување на соодветна информациска технологија, како и професионален кадар беше истакнато на завршната трибина од проектот „Достапност на е-услугите на локално ниво – чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација”.

– Во руралните општини се јавува проблем ниското ниво на користење на услугите бидјеќи старосната граница на населението е малку повисока и луѓето имаат ниско ниво на инвформатичка писменост., како и недовербата во електронските системи. Ни спроведовме наплата на комуналните услуги со електронска картичка, меѓутоа користењето беше многу слабо бидејќи голем дел од луѓето немаат картички. Имаме електорнска услуга на достава на документи преку емаил бидејќи немаме систем кој што нема да комуницира со луѓето, зашто тоа е процес при што треба да се вложат пари во техника и технологија, во обуки на администрацијата. Имаме и администрација која што има повозрасна старосна структура за што се потребни и дополнителни обуки за нив, рече Николче Папучкоски од Општина Кривогаштани.

Општините користат примитивни начини за обавување на услугите, а за надоградба на системот потребни се средства, генерално на тоа се сведува сознанието од дигитализацијата на услугите во руралните средини.

Проектот “Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација“ е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија).

 

Би можело да ве интересира

Тутунскиот откуп ќе се пролонгира

Гордана Цветаноска

На две мерни места во Лагово и Алинци водата не е за пиење

Гордана Цветаноска

Второто полугодие започнува на 1 ви февруари со физичко присуство

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе