
Во Прилеп кандидатите за возачи можат да го полагаат теоретскиот испит (тестови) и возење на полигон, но не практичниот дел од возачкиот испит ( т.н „градско возење“), и се принудени тоа да го прават во соседната општина Кавадарци. Но, велат„ Некои документи не ни’ ги признаваат во таа општина, па повторно треба да бидеме изложени на трошок за да ги добиеме. Се прашуваме дали истите закони важат во сите градови на Македонија?“- велат кандидатите кои се обратија до нашата редакција.
– По исклучок од ставот (2) на овој член, во случај кога е одземена лиценцата на испитниот центар или кога има забрана за вршење дејност на испитниот центар, како и во случај кога лиценцата на испитниот центар е истечена, кандидатот за возач го пријавува и полага возачкиот испит во испитен центар надвор од неговото живеалиште, односно пријавено престојувалиште по негов избор. – ни’ одговорија од МВР.

Но, проблемот е во тоа што кандидатите што веќе положиле теоретски дел или популарните тестови за возачка, може да полагаат и да паѓаат неколку пати во текот на една година. Но, по 365 дена им се поништува и резултатот од полагањето теорија и повторно мора да платат за тестовите и да ги преполагаат, да го загубат правото на положениот теоретски испит и со тоа да се изложат на дополнителни трошоци.
ПРАШАВАМЕ : КОГА ПРИЛЕП ЌЕ ДОБИЕ ИСПИТЕН ЦЕНТАР?


Повторно полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит, кој се состои од 40 прашања, ги чини кандидатите нови 2.241 денари.
Цената за повторно полагање на практичниот дел на испитот е по 2.156 денари за прв практичен дел (полигон) и 2.156 денари за втор практичен дел (возење низ град). Ако кандидатот не успее да положи од прв пат, тој мора да уплати повторно за испит и да почека најмалку 15 дена пред да може да се пријави повторно.

