29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Над 7 000 градинари денеска добија субвенции за остварено производство во 2024 г

Денеска се реализираше исплатата на подмерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. За Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство претставува приоритет редовното сервисирање на субвенции кон земјоделците.

Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 лица.

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир и се корисници од подмерка 1.4 од Програмата за 2024 година, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар, велат од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

Гоце Седлоски промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Пела Редакција

Реконструкција на тротоарите на ул „Кеј 1ви Мај„- граѓаните можат да се вклучат со свои предлози

Пела Редакција

Венко Филипче: Денеска нови 3 случаи во Прилеп, еден починат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе