30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Концерт на Етно оркестарот „Александар“ од Виена во Прилеп

На летната сцена од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, на 30 мај 2025 г., со почеток во 20:00 часот, целовечерен концерт ќе одржи етно оркестарот „Александар“ кои доаѓаат од Виена на нивна иницијатива.

 Етно оркестарот „Александар“ е првиот оркестар во историјата на Виена кој нуди инклузивен пристап и простор за секој музички ентузијаст, без разлика на родова, национална и било каква друга припадност. Идејата и мотивот кои ги сплотуваат се изучувањето и искусувањето на македонската и балканската традиционална музика.

Оркестарот нуди можност за учество во истиот како на искусни и едуцирани музичари, така и на почетници и ентузијасти заинтересирани за проучување и промоција на традиционалните инструменти и музика.

Мисијата и визијата на ансамблот „Александар“ се посветени на истражување, зачувување и продолжување на богатата македонска, како и на останатата балканска традиционална музика и танц.

Музиката му припаѓа на секој, надвор од било какви ограничувања, е кредото на овој етно состав.

Би можело да ве интересира

В недела „Сите на велосипед“ Прилеп – Мало Коњари – Прилеп

Пела Редакција

Здружението на резервни воени обврзници одбележа 15 годишнина од постоењето

Горивата поскапуваат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе