30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Mултимедијалната изложба „Автопортрет“ на академскиот уметник Дарко Талески

Петок,  20 јуни 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Автопортрет“ на академскиот уметник Дарко Талески.

Изложбата „Автопортрет“ претставува интерактивно мултимедијално дело, кое ја истражува темата на индивидуалниот идентитет и себесознавањето. Преку уникатниот пристап на користење „магично“ огледало – дигитално платно на кое се проектираат прашања и анимации  со  што посетителите ќе бидат поттикнати на интроспекција и создавање на сопствен, динамичен автопортрет.

Оваа изложба ја става уметноста во дијалог со технологијата, поврзувајќи ги мислите, емоциите и визуелните стимули во жив, променлив процес на интеракција.

Дарко Талески, уметник со долгогодишно искуство и иновативен пристап кон мултимедијалната уметност, во ова дело нуди платформа за сите посетители да размислуваат за сопствениот идентитет и да учествуваат во креативен процес кој е истовремено личен и универзален.

Би можело да ве интересира

45 години Центар за култура „Марко Цепенков“

Пела Редакција

„Од 0 до Култура“ вечерва со Crossroad Blues Band Reloaded

Започна продажбата на билетите за јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе