16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепско поле: за неколку дена ќе биде саниран дефектот на главниот цевковод за наводнување на левата падина

Подружница Прилепско поле, при АД Водостопанство во врска со големиот дефект на главниот цевковод од водоснабдителната мрежа на левата падина денеска преку известување информира дека за неколку денови ќе биде саниран проблемот:

Известување до јавноста

Почитувани, АД ,,Водостопанство” ги известува сите водокорисници, дека во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, интензивно се работи на дефектот на Главен цевковод ,, Лева падина ” Ф 700мм, на место викано ,,Сарика” и истиот ќе биде саниран за неколку дена со што ќе се воспостави нормално водоснабдување. Ве молиме за разбирање.

Со почит АД ,, Водостопанство ” подружница ,,Прилепско Поле ”

Проблемот со главниот цевковод за наводнување на левата падина од прилепскиот систем е од почетокот на сезоната за наводнување, пролетва. Од Прилепско поле посочуваат дека водоснабдителната мрежа изградена во 60 тите години од минатиот век не е рехабилитирана од кога е изградена и дека е многу тешко да се набават соодветни делови за замена.

Во случајот со дефектот кај местото викано Сарика, близу Прилеп, на цевката Ф 700 досега се заменети неколку спојки, кои не можеа да го издржат водниот притисок.

За увид во состојбата на терен со цел побрзо решавање на проблемот, беше запознат и ресорниот министер Трипуновски, кој што вчера имаше работна средба со надлежните во Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Николоска: Британскиот сој на вирусот е 100% доминантен во Прилеп

Машка слика и градоначалничко “мачо натпреварување“ – само 3 жени од засега 74 предложени кандидати

Пела Редакција

Во четврток седница на Совет, пред советниците буџетот на Општина Прилеп за 2024

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе