30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Гори на Радобилски рид, во Македонија активни 6 пожари

Денеска до 14:00 часот Центарот за управување со кризи информира дека  се евидентирани вкупно 9 пожари на отворен простор,

Во прилепско активен е пожарот на потегот помеѓу селата Царевиќ, Смолани и Радобил, на локацијата позната како Радобилски Рид. Таму пламените јазици проголтаа мешана шума и нискостеблеста вегетација, а теренот дополнително ја отежнува интервенцијата на терен, информираат од Центар за управување со кризи.

Покрај прилепско активни пожари се и во :  Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);  Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева); Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);  Општина Ресен – с. Волкодери кон место викано Сирхан (трски и сува трева) и  Општина Желино – с. Церово (нискостеблеста деградирана шума)

 

Би можело да ве интересира

Утре во штрајк и прилепските културни работници

Концерт на прилепчанките Кети Петреска – хармоника и Христина Никоска Тасеска – пијано

Општина Прилеп распредели 15.000 бесплатни заштитни маски за граѓаните

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе