23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп преку Министерството за животна средина ќе добие нова механизација за собирање на отпад  

Неколку општин меѓу кои Прилеп, Долнени и други рурални општини ќе добијат нова опрема за управување со отпад преку  Министерството за животна средина.

Со овој проект Прилеп ќе се обезбедни  со сеопфатна механизација: контејнери, канти, специјализирани камиони-компактори, односн сè што е потребно за ефикасно собирање, транспорт и одлагање на отпадот од страна на комуналното  претпријатије.

Новата механизација ќе се стави во функција на подобра јавна хигиена и заштита на животната средина. Со неа директно ќе се подобруваат условите за работа на општинското јавно комунално претпријатије и ќе се овозможи поголема достапност на комуналните услуги за граѓаните, инфомрираат од Министерството за животна срдина.

Новата опрема за управување со отпад е за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, и е  дел од реализацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.

Финансиската поддршка е обезбедена преку Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), со дополнителна помош од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Владата на Шведска преку СИДА.

Би можело да ве интересира

ВОДИЦИ Крушево, Велко Метевски беше најсреќен

ДИК: Обработени 100% Кривогаштани, Новаци и Могила предност на Давкова, Долнени победа на Пендаровски

Најчeсти прекршувања на работничките права има во преработувачката индустрија, текстилната, чевларската градежништвото,угостителството

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе