25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

(Видеа) Пожар на Маркукуле- прилепчани со страв за манастирот и осуда за подметувачите на пожари

Попладневно (околу 16:00 часот) пожар настана на паднината на Марковите кули, каде постоеше опасност огнените јазици да го зафатат и манастирот „ Св.Архангел Михаел“. Снимките од пожарот станаа вирални на социјалните мрежи . За среќа дождот спречи пожарот да се разговри и за нешто помалку од еден час беше изгаснат.

Некој од видео снимките, кои ги направија жителите кои го забележале пожарот,  станаа вирални на социјалните мрежи, а прилепчани ги споделуваа и со многу коментари и тврдења сметаат дека пожарот на падните на Маркови кули е подменат. Варошани бараат одговорност и се сомневаат дека пожарот се случил ненамерно.

&

Инаку, во изминативе шест години во Македонија изгореа над 30 илјади хектари шумска површина, што е еднакво на површина од половина Скопје, а одговорност за предизвикување на шумски пожари досега речиси и да нема. (Не) казнивоста за ова кривчно дело не ги спречува палачите за подметнуваа пожар на отворено, иако за ова кривично дело законот предвидува затворска казна од најмалку осум години за оној кој ќе предизвика шумски пожар од големи размери. За оној кој ќе подметне пожар во заштитена шума или национален парк , може да се казни со затвор од најмалку десет години. Но,  кој досега е казнат за вавко кривично дело?!

Би можело да ве интересира

Започнува чествувањето за Крапалак

Пела Редакција

Иновацијата “Бионичка рака“ на младинскиот македонски тим е глобален победник

На Ромите не им бил дозволен пристап на градскиот базен

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе