27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Фестивал Млеко 2025 – по седми пат во Прилеп кај Градскиот саат

Седми пат по ред, во срцето на Прилеп – кај градскиот Саат, в сабота, на 13 септември, ќе се одржи седмото издание на „Млеко“ – единствениот фестивал во Македонија посветен на занаетчиски млечни производи со локален карактер и висок квалитет.
Оваа година во фокусот ќе биде ставен на сточарите и производителите на млеко и млечни производи – луѓето кои со години, со посветеност и љубов, се грижат за стадата и ја негуваат традицијата на производство. До нив: селекција на внимателно одбрани придружни вкусови – леб, мед, зачини, сезонско овошје, вино и разни занаетчиски производи што природно се надополнуваат.

„Млеко“ е веќе препознатлива сцена за сите што го ценат автентичното, организиран  од Слоу Фуд Прилеп, со поддршка од Слоу Фуд Македонија, и секоја година носи нов квалитет и нови содржини.

Годинава, фестивалот добива нова енергија со нова генерација активисти – млади луѓе кои ја гледаат храната како простор за промена: начин да се зачуваат вредностите, да се поддржат вистинските производители и да се пренесе идејата за квалитет кон иднината. На “Млеко 2025” ќе можете да пробате мали серии автентични млечни производи – бели и биени сирења, урда, зрели кашкавали – директно од производителите, да разговарате со нив за процесите, потеклото и вредностите што стојат зад секој залак. 

Во рамките на манифестација ќе се одржи конференција: Гласот на сточарите,  со панел дискусии: Предизвици во процесот на регистрација, и Човечки капацитети во сточарството.

За најмладите, ќе има едукативно катче со креативни активности, а во текот на денот ќе се одржат работилници и изложба на ученички проекти инспирирани од храната и земјата.

Во попладневните часови, новата генерација активисти ќе ја претстави својата верзија на „диско супа“ –  настан со порака, а сето тоа ќе биде придружено со жива музика и опуштена урбана атмосфера што го одразува духот на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Прилеп: Двајца починаа, 85 новозаболени за последните 24 часа

Пораз во Кочани за Победа – пет гола на стадионот Мантов (ФОТО)

Убава вест: Денеска во Прилеп нема новозаболени лица од коронвирус

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе