24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Николоски: Автопатско поврзување од Фариш до Прилеп – автопатот Прилеп-Битола готов кон крајот на 2027 година

Учествувајќи на промоцијата на Дејан Проданоски, кандидатот за грaдначалник на ВМРО ДПМНЕ за Општина Прилеп, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски ја искористи приликата да информира за динамиката на инфраструктурните проекти во овој регион, најавувајќи и нова инфраструктурен зафатт – автопатско поврзување на Прилеп со автопатот до Фариш.

Автопатот Прилеп-Битола ќе се надоврзува на експресниот пат Градско–Дреново–Фариш, а дополнително е планирано и автопатско поврзување од Фариш до Прилеп. Така ќе имаме целосно автопатско поврзување во овој регион, истака тој

На новинарско прашање за динамиката на изградбата на автопатот  Прилеп-Битола , Николоски информираше дека првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на наредната година, а целиот автопат од Коридорот 10 во должина од 40 километри треба да биде готов до крајот на 2027 и почетокот на 2028 година

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива одлично. Задоволен сум од изведбата. Очекуваме кон крајот на 2026 година да ги имаме функционални првите 11 километри, а целиот автопатод 40 километри да биде готов кон крајот на 2027 година или во почетокот на 2028 година, зависно од временските услови. Автопатот, секако, се надоврзува на експресниот пат Градско- Дреново-Фариш“- истакна изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Уште колку автомобили ќе претрпат штета кај Металец пред да реагираат службите?

Пела Редакција

ЈКП,, Комуналец’’ – Прилеп започна со ноќно миење на сообраќајниците

АЛТЕРНАТИВНАТА СЦЕНА СЕ ВРАЌА НА ПИВО ФЕСТИВАЛОТ

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе