23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: СДС е партијата која ги натрупа претпријатијата со партиска војска и ги претвори во партиски штабови за сега да глумат лицемерие.

Оние кои денес најгласно зборуваат за јавните претпријатија се токму истите чија негрижа ги доведе до колапс, потенцираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. СДС е партијата која ги натрупа претпријатијата со партиска војска и ги претвори во партиски штабови, без план, без систем, без домаќинско работење, за сега да глумат лицемерие.

Токму СДС е виновна за најголемата криза во јавните претпријатија, која произлезе од нерегулираната и прескапа струја. Наместо да водат вистинска енергетска политика, дозволија енормни цени на струјата кои директно ја урнисаа финансиската стабилност на сите претпријатија. Тоа е резултатот од нивното неспособно владеење и катастрофални одлуки. За теренот со вештачка трева, вистината е јасна: тој беше направен и пуштен во употреба во време на ВМРО-ДПМНЕ. Единствената работа што СДС ја реализираа таму беше организирањето партиски собир. Толку од нивниот „придонес“ и вистинска грижа за спортот во Прилеп. Почитувани, СДС е партија во изчезнување. Најдобар доказ за тоа е нивната „промоција“ на програма во фоаје, пред едвај 50 луѓе. Петра Лукароска и СДС знаат дека им следи тежок и голем пораз во Прилеп. Затоа панично држат пресови, со празни обвинувања и лаги. Тоа не е ништо друго освен крик на немоќ!,потенцираа од ОК на ВМРО ДПМНЕ, како реакција на обвинувањата на кандидатот за градоначалник на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, 

Би можело да ве интересира

Досега официјално 6 кандидати за претседател на гласачкото ливче

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Дали намерно се кради и намалува имотот на Еурокомпозит?!

Лашкоска: „Со сумата за мостот највероватно ќе треба да си замислуваме оти ова ќе биде мост на Босфор или мост на Темза?!“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе