29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанец заврши со убодна рана по расправија од сообраќајка

По сообраќајка која се случила во Прилеп денеска, 03.10.2025, настанала расправија меѓу двајцата возачи, по што едниот се здобил со убодна рана, информираат од СВР Битола:

На 03.10.2025 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски Бранители“ со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43)  од Прилеп и патничко возило „ауди а3“ со прилепски регистарски ознаки. Според пријавеното, веднаш потоа настанала расправија помеѓу М.Џ. и возачот на возилото „ауди“, кој притоа со остар предмет го нападнал М.Џ. и му нанел убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, стои во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

(ФОТО – ГАЛЕРИЈА) ООУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани го прослави патрониот празник

За поддршка на младите во спортот – Комфи Ангел со хуманитарен караван

Без струја во утрешниот ден неколку улици од Тризла

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе