20.6 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

( ФОТО) Свечено првачињата дадоа заклетва дека ќе учат и ќе ги почитуваат учителите

Денес, на 5 октомври  на Светскиот ден на учителот,  првачињата дадоа свечена заклетва дека ќе ги почитуваат и слушаат своите учители. На Могилата на непобедените тие се заветија дека ќе учат и ќе собираат знаење дека ќе бидат добри, вредни и успешни ученици, со што и официјално станаа дел од „семејството“ ученици.

Под слоганот „Со мали чекори кон големи соништа“ настанот беше исполнет и со низа спортски активности  во паркот на Могилата и на спортските игралишта,  каде децата уживаа на топлото есенско време,се забавуваа и беа дел од свеченоста и случувањата. Настанот го поддржа и  го поздрави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој на учениците им посака успешни школски години во нивното патување низ светот на знаењето.

Воедно беше одбележан и Светскиот ден на учителот, за кои беше нагласено дека преставува една благородна професија кој е водилка и поддршка на секое дете. „Учителите се темелот врз кој се градат знаењето, вредностите и иднината на секоја генерација,“ беше потенцирано на настанот во организација на општина Прилеп.

Прилеп оваа година има 650 првачиња.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) По 15ти пат во Прилеп се одржува меѓународниот џудо турнир „Прилеп град херој – Цевитана Куп 2025″

САНИРАЊЕ НА УДАРНИТЕ ДУПКИ, ПАРКОВСКИ ПОВРШИНИ, ПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ, ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО АУТИЗАМ..БАРААТ ГРАЃАНИТЕ НА ПРИЛЕП ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

НИЗ ФОТОГРАФИИ: И, оние кои „шараа„ денес чистеа заедно со прилепскиот градоначалник

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе