24.3 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Деспина дома не успеа да ги задржи бодовите

Тимот на Ѓорче Петров 2 славеше  на гостувањето кај Деспина со 28-25, во меч од третото коло во Првата женска лига. Прилепчанки пружија  отпор, во првиот дел кога најчесто се играше израмнето, но пред паузата гостинките отидоа на плус пет, 15-10.  Деспина и второто полувреме покажа добра игра, но ниту еднаш не успеа да се закани и да  го намали водството од два/три гола на  вториот суперлигашки тим на Ѓорче Петровки. Па, бодовите нместо да останат во Прилеп отпатуваа во Скопје,на салдото на  Ѓорче Петров 2 на голема радост на тимот на Анжела Платон и Александар Царчев.

Мери Гичева на овој меч искуствено даде 11 погодоци за Деспина, а исто толку постигна и Кристина Наумовска од гостинската екипа.

Во следното коло Деспина ќе оди на гости кај Овче Поле СУ.

Би можело да ве интересира

СТАДИОНОТ ЌЕ ЗАЛИЧИ СО ПРВИТЕ 500 СЕДИШТА

Прва победа на Деспина на стартот од новата сезона

БИТОЛЧАНИ СО 41 ГОЛ ЈА ОТВОРИЈА УНИВЕРЗАЛНA

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе