24.1 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Ракометниот караван пристигнува во Прилеп – „Ајде сите на ракомет!„

Следна станица на ракометниот караван, во организација на Ракометната федерација на Македонија, е  Прилеп. Вторник, на  14 октомври,  со почеток во 12:30 часот во салата на ООУ  „Добре Јованоски“ ќе се одржи вториот караван, по Охрид, ракометен караван,  кој патува низ македонските градови, со мотото „Ракомет – нашата игра, нашиот свет“, со цел промоција на овој трофеен спорт. „Сите се поканети,  сите можат да учествуваат„, велат организаторите!

Промотори на настанот ќе бидат двајца ракометни познати прилепчани и една прилепчанка, некогашна членка на Тут-Ком-Прилеп,  некогашна ракометна македонска репрезентативка, а денеска одличен ракометен судија со меѓународно ракометно судиско искуство .

Тоа се поранешниот репрезентативец на Македонија, тренер на РК Прилеп, а сега тренер на Бутел Скопје и селектор на кадетите – Горан Кузманоски, актелното левото крило и капитен на РК Прилеп, Димитар Димитриоски, и некогашната ракометарка, а сега ЕХФ судијка – Силвана Карбеска.Тие ќе помогнат во презентирање и промоција на овој спорт на сите млади вљубеници во ракометот ,што е  одлична можност за дружба и ракометна забава.

Главната цел на караванот е промоција на нашиот национален спорт – ракометот, како и запознавање на најмладите генерации со  убавина на овој спорт .

„Караванот има за задача да ги доближи вредностите на ракометот до најшироката публика, да создаде нови генерации љубители на спортот и да ја поттикне активната вклученост во спортските активности. Особено внимание е насочено кон најмладите – нашите идни ракометни ѕвезди. Преку дружење, мотивација и инспиративни примери, тие ќе имаат можност да се запознаат со ракометот како потенцијална нивна иднина и како спорт што носи другарство, дисциплина и успех. Ве покануваме да бидете дел од караванот и заедно да ја пренесеме љубовта кон ракометот низ Македонија“, велат од РФМ.

 

Би можело да ве интересира

КРУШАТА ПОД КРУША ПАЃА – ТАТКО И ЌЕРКА ЗАД СТАТИВИТЕ

(ВИДЕО)Тодороски: Градот Прилеп и симпатизерите никогаш не кренаа раце од Победа

Дури, пет прилепски момчиња се дел од македонската кадетска репрезентација

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе