28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Mакедонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во кино Мис Стон

На 14 ти октомври 2025 г./вторник/ во кино Мис Стон од 19.30 ч. ќе се прикажува македонскиот филм „Диџеј Ахмет“кој  моментно е на врвот во филмската уметност во земјава. Режисер на филмот е Георги М. Унковски. (возраст 12 +, 100 м. траење)
Улогите ги толкуваат Ариф Јакупи, Агуш Агушев, Аксел Mехме, Дора Акан Златанова.
„Диџеј Ахмет“ е прв дологметражен филм на режисерот Георги М. Унковски, во кој се говори за Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село воМакедонија, кое наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка која веќе е ветена на друг.
Во филмот се зборува на турски и на македонски јазик. Главната улога на Ахмет му е доверена на Ариф Јакуп, натуршчик кој за филмот е избран на кастинг, заедно со Агуш Агушев, кој го толкува неговиот брат.

Би можело да ве интересира

Александар Јовевски со виртуозен концерт во Прилеп (ВИДЕО)

Пела Редакција

Филмот „Ескорт“ утревечер во Кино Мис Стон

Мултимедијален фестивал „Цело е кога се има 30“ во Прилеп и Крушево за културно освежување

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе