24.1 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Во посета на Прилеп министерот за спорт – увид на спортските терени во Точила

Денеска во посета на Прилеп беше министерот за спорт, Борко Ристовски.Тој  ја посети населбата Точила, место каде што младите живеат, растат и сонуваат. Од ВМРО ДПМНЕ во својата изборна кампања, велат дека младите и спортот се иднината на Прилеп:

Заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, разговаравме со жителите и направивме увид во состојбата на спортските терени.Во следните денови започнуваме со комплетна реконструкција на двете спортски игралишта и сите детски реквизити. Затоа што спортот е иднината на младите, а младите се иднината на Прилеп. Ова не се само зборови, ова се конкретни дела, чекори што водат кон подобар живот во секој дел од нашата општина. Нашата мисија е јасна: да создадеме современ, чист и функционален Прилеп, каде секое дете ќе има можност да расте безбедно, активно и среќно,велат во рамките на своите кампањски активности од ВМО ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник, Дејан Проданоски.

 

Би можело да ве интересира

Очекуван рекорд – половина метар гласачко ливче за Локалните избори

Прилепската полициска станица има двајца командири, обвинуваат од ОК на ВМРО -ДПМНЕ

Нови дискусии по точките на дневниот ред донесе 62-та Седница на Советот на Општина Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе