16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Нови дискусии по точките на дневниот ред донесе 62-та Седница на Советот на Општина Прилеп

Се доцни со дезинсекцијата за заштита против комарци, која требаше да биде извршена во мај, реагираа советниците од опозицијата на 62 седница  и побараа одговор и инфорамција по ова прашање,брајќи да биде ставена и како точка на дневен ред. „Поради поништување на постапките од секторот за јавни набавки, дезинсекцијата во општината Прилеп сеуште не е извршена, а во тек е третата постапка“,  одговори претседателката на совет на Општина Прилеп, која побара од службите да донесат одговор по ова прашање.

Се одлучи, точка за „Реализирање на програмата за  Јавното здравје“  да биде ставена на дневен ред на идната седница.

Според точките на дневен ред новата модуларната катна гаража едногласно беше дадена согласност да биде дадена на трајно користење, одржување и управување на ЈП за ПУП.

Советниците едногласно го усвоија и записникот по јавниот повик за спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации за 2025 година на кои на 108 пријавени клубови и здруженија ќе им бидат распределени  7,5 милиони денари.

Како одлуката беше усвоен и планот за десегрегација на ученици Роми во Општина Прилеп.


На денешната седница на Советот на Општина Прилеп беше дадена согласност за измена и дополнување на годишниот  план за вработување во 2025 во ЈОУ Старски дом  “Киро Крстески – Платник„ и  согласност за измени за годишните планови за вработување за 2026 година во училиштата: ООУ “Климент Охридски“- Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп и СОУ „Кузман Јосифоски- Питу „- Прилеп .

 

Би можело да ве интересира

Повеќе прилепски улици без напојување со електрична енергија во вторник 16 ти јули

🎁Започна Прилепската празнична 🎉приказна ✨

Пела Редакција

Во Градската библиотека се отвора прва трајна поставка на дела од прилепските уметници

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе