30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Андоновски: Прилеп ќе добие Центар за електронски услуги и бесплатна Wi-Fi зона

Националниот портал за електронски услуги денеска беше промовиран во Прилеп. На промоцијата присуствуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со пратеникот Дејан Проданоски. Министерот Андоновски најави бесплатна Wi-Fi зона, Центар за услуги во Прилеп по примерот на другите општини:

„На плоштадот во Прилеп, ќе биде поставена бесплатна Wi-Fi зона со интернет достапен за сите граѓани на општина Прилеп. Ова е еден голем европски проект кој го реализираме низ општините во Македонија, а Прилеп е еден од приоритетните градови. Прилеп по примерот на другите општини, ќе добие и нов Центар за услуги (ЕТУ Прилеп), кој ќе ги доближи сите електронски услуги достапни на Националниот портал – uslugi.gov.mk – до граѓаните на општина Прилеп. Овој центар ќе биде воспоставен во соработка со локалната самоуправа, и очекуваме дека ќе го отвориме во наредните 3 до 6 месеци“ , истакна Андоновски.

Пратеникот Дејан Проданоски посочи дека Општината со овие услуги ќе го подигне нивото на дигитализација и ќе овозможи поголема достапност на услугите кон граѓаните:

„Алатките кои што ги нуди ова Министерство за дополнителна дигитализација на Локалните самоуправи и олеснување еден ранг подолу на документите кои што би се издавале во иднина од секоја локална самоуправа: почнувајќи од издавање на решенијата за данокот на имот, па се’ завршувајќи до изводи и потврди за точна адреса. Граѓаните во наредниот период треба да очекуваат еден поинтензивен развој на тие услуги,“ посочи Проданоски.

Се очекува од 3 до 6 месеци да биде отворен Центарот за услуги, кој што ќе биде собирна точка за граѓаните кои немаат пристап и алатки до интернет тоа за нив да го направат вработените во специјализираниот центар, зоната за бесплатен интернет да започне со функционирање во наредните 6 месеци, а 10 те најкористени електронски услуги ќе бидат вклучени во наредните 2 години.

Би можело да ве интересира

Нагло зголемен број на новозаразени во Прилеп

Роденденска прослава на Прилепска Пиварница-петок, сабота и недела времен режим на сообраќајот

Идната недела субвенции за граѓаните кои аплицираа за клима уреди и велосипеди

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе