20.6 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

Граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами, со кои се бара финансиска помош, апелираат од СВР Битола:

Во изминатиот период во Секторот за внатрешни работи Битола, од страна на граѓани, пријавени се кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици или во која истите биле тешко повредени па треба да се даде одредена сума на пари за да се изврши операција. За да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош. СВР Битола ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно, апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција. 

Би можело да ве интересира

Технички преглед АВТО КОНТРОЛ – Превентивна акција за зимска опрема на Плетвар

Завршува рокот за увид во Избирачкиот список за Локалните избори 2025

Пожар на трафостаница во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе