28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанката Јована во составот на македонската фудбалскa репрезентација до 19 години

Македонската женска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Русија до 19 години. Двата меча ќе се одиграат на стадионот на ФК Турново на 24. и 27. октомври.

Во составот е и талентираната прилепчанка Јована Каралиоска која настапува за ЖФК Скопје.

Македонската женска репрезентација до 19 години, од 25. ноември до 1. декември, ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир, група Б, за пласман во повисок ранг квалификации за ЕП. На турнирот во Струмица ќе се соочиме со Грузија, Азербејџан и Словенија.

На 4. ноември во Нион, Швајцарија, македонската женска репрезентација ќе ги дознае противничките селекции во групата од новите квалификации за пласман на Европско првенство.

Ова е составот на селекторот на млада женска репрезентација, Кирил Изов кој ќе смета за натпреварите против врсничките од Русија :

Голмани: Ведрана Комненова (Љуботен), Ангела Блажева (Каменица Саса);

Одбрана: Росана Китановска (Љуботен), Михаела Додевска (Скопје), Јована Каралиоска (Скопје), Мила Панева (Скопје), Александра Ристевска (Топ Гол), Васка Василева (Каменица Саса), Канита Емини (Истатов), Ангела Димчова (Тиверија Брера);

Среден ред: Теона Галабовска (Тиверија Брера), Стефанија Божинова (Тиверија Брера), Сара Дика (АС Јунајтед), Андреа Коловска (Истатов), Никица Трендова (Скопје), Кристина Крстева (Скопје);

Напад: Настасја Накова (Љуботен), Елена Симјонова (Љуботен), Ана Боризоска (Скопје), Калина Попески (Црвена Звезда, Србија), Емили Митковска (Речица);

Би можело да ве интересира

Шестмина прилепчани ја загубија битката со корона вирусот.

Општина Прилеп организира средба со граѓаните и претставници на урбани и месни заедници

Одбележувањето на 64 години од смртта на Методија Андонов Ченто остана незабележано во неговиот роден град

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе