21.3 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Уапсени тројца прилепчани, од кои двајца пијани возачи

Полицијата во еден ден во Прилеп приведе тројца прилепчани во алкохолизирана состојба, еден за  заради нарушување на јавниот ред и мир и двајца возачи со над 2 промили алкохол во крвта, за кои е поднесена пријава за безобзирно управување со моторно возило:

На 28.01.2026 во 01:30 часот на ул. „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.С.(52) од Прилеп, бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир со оддавање на пијанство. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.  

На 28.01.2026 во 01:30 часот на  ул. „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Т.(43) од Прилеп . При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „тојота” со прилепски  регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 28.01.2026 во 01:00 часот на  ул. „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.К. (35) од Прилеп.  При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „опел” со прилепски  регистарски ознаки, кое го управувал А.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,54 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со марш и песна прилепските пензионери четврт ден протестираа

ВНИМАТЕЛНО! Водата за пиење во неколку села во прилепско е здравствено не исправна

Пела Редакција

Промоција на две книги и две изложби од прилепчанката Марија Ѓорѓиоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе