14.9 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп во чест на Денот на ослободувањето

Третоноемвриските чествувања по повод 81 година од ослободувањето на Прилеп започнаа со полагање на цвеќе на спомен обележјата на Методија Андонов Ченто, на Кузман Јосифоски -Питу, на Песјобрдце и на Могилата на непобедените. Делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Дејан Проданоски, Советот на Општина, од АРМ, Сојузот на борци и од политички партии се поклонија и оддадоа почит пред хероите и симболите на Прилеп од Антифашистичката војна и ослободување од бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна.

Според програмата за одбележување на Денот на конечното ослободување на Прилеп попладнево ќе биде поставена спомен плоча на Коста Смилески,  а во 18.30 ќе биде отворена изложбата на дела од 17-та колонија Дрен 2025.
Централната свеченост е од 19 часот кога Советот на Општина Прилеп во големата сала на ЦК „Марко Цепенков” ќе ја одржи свечената седница на која ќе бидат доделени Третоноемвриските награди.

Годинава уметникот Рубенс Корубин и легендата на прилепскиот фудбал Јове Магдески, постхумно, се добитници на Наградата за животно дело што ја доделува Прилеп по повод празникот на градот, 3 Ноември – денот на конечното ослободување.

Добитници на наградата плакета по повод 3 Ноември се: компанијата „Микросам“ која одбележува 35 години постоење, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ кој има 75-годишен јубилеј, НВО „Hand Till Hand’’ од Шведска за хуманиот и општествен ангажман во здравствената заштита, Интеракт клубот при гимназијата „Мирче Ацев“ со млади ентузијасти за вреднување на солидарноста и хуманоста и здружението на граѓани, извиднички одред „Феникс“ кој одбележува 10 години постоење.

Наградата диплома „3 Ноември“ градот им ја доделува на поединци: Петре Кироваков, поет и активист во Здружението на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија, на д-р Биљана Консулоска Гвероска, автор на научни публикации од областа на земјоделството, агроекологијата и тутунопроизводството, на Владимир Ѓорѓиески, репрезентативецот во билијард и на новинарката Елизабета Митреска за особен придонес во новинарството.

Би можело да ве интересира

РК Вардар триумфираше над Прилеп

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

(Видео)Наместо со скап такси до град со јавен превоз за жителите од оддалечените села

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе