16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепската болница се екипира – вработува лекари, медицински лица и останат персонал

Од утре започнува конкурсот за врботување на 124 медицински лица и медицински парсонал во прилепската болница, лица кои неколку години беа ангажирани со договр на дело во оваа здравствена установа.

Со оваа, прилепската болница ќе добие 21 лекар,  49 медицински сестри, а останатите вработувања, се за медицински персонал. Заедно со овие вработувања, прилепската болница ќе добие и 8 специјaлизанти. Па, со докторите кои беа трансформирани од приватно во државно здравство и со овие нови вработувања на лекари, за неполна година прилепската болница “Борка Талески“ –Прилеп, ќе вработи 30 лекар .

„Освен што вложуваме во апартура, вложуваме  и во човечки кадар. Можеби сегашноста со број на доктори не ни’ е „розова“,  но со овие 30 лекари имаме иднина! Сега имаме 8 специјализанти доктори, а веќе во подготовка e и  втора фаза за околу 10 специјализанти.„, истакна Кире Јоноски, директор на прилепската болница “Борка Талески“ – Прилеп

 Со ова прилепската болница во најголемиот дел го решава проблемот со медицинскиот персонал, иако уште неколку години ќе се чека на лекари- специјалисти, “бидејќи преку ноќ не се станува лекар “ потенцира, Јоноски.

Максимум што можеме да направиме е да ги вработиме младите лекари, кои во иднина ќе станат специјалисти. Но, болницата и финасиски и кадровски, на менаџирање ја добивме во незавидна положба. Ако некој размислувал порано за кадровски надополнувања, ситуацијата би била многу поинаква, во корист на пациентите. Ние немаме маѓично стапче за некој одеднаш да стане лекар – специјалист.  Но, сега со ова темпо, со поддршка на Министерството за здравство, со поддршка на Владата, ние веќе градиме иднина во прилепското здравство.“ рече Јоноски.

На почетокот на годинва,  здравствените работници,  ангажирани со договор на дело во прилепската болница, излегоа на протест пред Болницата,  барајќи  решавање на нивниот статусот. На околу 120 лица кои биле ангажирани  од една до 7 години, не им беа продолжени договорите, иако цело време беиле работно ангажирани. Прилепската болница, генерално како и останатите болници во Макеоднија , има хроничен недостиг од медицински персонал. Но, со, овој потег, со  вработувањата на дел од ангажираните кои работеле неколку години со договор на дело, ситауцијата значително ќе се промени.

Би можело да ве интересира

На деветгодишниот Дејан му е потребна нашата помош за лекување во Турција

Кривична за двајца службеници – не постапиле по пријава за заштита на малолетник

Општина Прилеп дел од кампањата „Шестнaесет дена активизам против насилството врз жени и девојчиња“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе