16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Ученици и од прифатилиштето за кучиња, јавно повикаа на подигнување на свест за проблемот со бездомните кучиња

Некои се интересираа, но повеќето од минувачите не беа заинтересирани да чујат од учениците од СОУ „Орде Чопела“- Прилеп од ветеринарната струка, кои правеа обид, да ги информираат граѓаните за тоа „како да се намали проблемот со кучињата скитници„,. Со делење летоци и совети за важноста за грижата на милениците и за правилна перцепција на проблемот, со осуда на неодговорните сопственици кои ги оставаат милениците на улица со што го зголемуваат проблемот со бројот на кучиња скитници учениците денеска беа меѓу прилепчани.

Настанот беше во организација на Прифатилиштето за миленици од ЈКП „Комуналец“- Прилеп, кое на ваков, едукативен, начин одбележа 7 години од постоењето и спроведувањето на правилниот третман кај бездомните кучиња: микрочипирање, вакцинација, дехелминтизација, кастрација, стерилизација и  нивно враќање со ушна маркица на локацијата од каде е заловено. Оттаму велат дека коренот на проблемот со кучињата скитници се решава со оперативни мерки, но пред сè со поддршка од целокупната заедница.

Ние сме уредено опремени и функционираме со 13 боксови што не е доволно. Нѝ требат дополнителни боксови да работиме поинтензивно, со побрза динамика, но сепак тоа е сето планирано е во нашиот план за 2026 година и се надеваме дека ќе оствариме, како инвестиција, и ќе мижиме наредната година да означиме постигнување на некој друг цел во однос на бездомните кучиња. Проблемот е комплексен, не може да се реши наеднаш, но бара континуирано работење. Денеска сакавме да ставиме акцент на нашето седумгодишното работење, односно од како почнавме со здравствена заштита на бездомните кучиња, според процедура, со микрочипирање, вакцинација, дехелминтизација, значи кастрација и стерилизација и враќање со ушна маркица на локацијата. (0:22) Тоа го работиме, вкупно седум години и сакаме со ова одбележување, симболично, да испратиме апел до неодговорните т.н „згрижувачи на миленици“, (0:33) кои се најдуваат меѓу нас, затоа што не би постоел проблемот ако нема неодговорни сопственици, (0:43) и да ставиме акцент на одговорното сопствеништво, на пријавување на своите домашни миленици, (0:50) одговорно чување и работа на сите служби за анулирање на проблемот со кучиња скитници“, вели Татијана Барлакоска од „Прифатилиштето за миленици“ при ЈКП „Комуналец“ 

Во акцијата за подигање на јавната свест  кај граѓаните за овој проблем, се вклучиа и учениците од СОУ Орде Чопела, ветеринарната струка.

Пред сè треба да се даде голем акцент на подигнување на свеста (2:26) кај сопствениците на миленици, бидејќи мислам дека коренот на решението е тој. Начинот е едукација од мали години, деца да сфатат дека за важноста и грижата за мелниците кои се згрижени во нивното семејство, (2:46) меѓутоа и со сите оние превентивни активности со кои треба да се подигне јавната свест за да се реши овој проблем. Во нашето училиште, „Орда Чопела“, го имаме профилот ветеринарна медицина (1:53) и имаме долгогодишна соработка со прифатилиштето за бездомни кучиња (1:58) при ЈКП Комуналец“-Прилеп, (2:01). Најчесто е тоа преку практичната настава со ветеринарната клиника во Прилеп (2:06) со која тие имаат соработка, каде нашите ученици, се активно вклучени во решавање (2:11) на овој проблем со бездомните кучиња, преку различни практични активности, (2:16) а исто така и преку волонтирање во самото прифатилиште. Проблем е од нас самите, (2:59) бидејќи кучињата се зависни од нас, така дека ако ние не се грижиме (3:03) за нивното здравје и секако за нивното благосостојба, (3:08) ќе го имаме овој проблем долгогодишно““, вели професорот по ветерина, при СОУ „Орде Чопела“, Игор Галески 

Учениците од ветеринарнат струка велат дека се активно вклучени во грижата на бездомните кучиња

„Со помош на феријалната и практичната настава ние им помагаме на бездомните кученца. (3:42) Во амбулантата се грижиме да бидат вакцинирани, чипирани, да правиме хируршки зават како кастрација и стерилизација (3:51) за да нема размножување на бездомните кученца и на овој начин придонесуваме кон намалување на проблемот што го имаме во градот. Го посетуваме и (4:01) прифатилиште за кученца, таму им помагаме да бидат на хранети (4:05) и да бидат средени,исчистени кафезите, да имаат добра хигиена. (4:10) Во глобала се грижиме за здравјето и благосостојбата на кученцата , рече ученичката Михаел Силјановска, од СОУ Орде Чопела,од ветеринарната струка која беше дел од акцијата за подигање на јавната свест за прифаќање на бездомни кучиња.

 Пораката на летоците кои денеска им беа делени на граѓаните на Прилеп нудеа можнсот во секој пет шоп да се добеи 30% попуст на храната за миленици,а  донација ќе биде наменета за Прифатилиштео на кучиња. 

Би можело да ве интересира

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Прилеп одбележува 78 години од Денот на конечното ослободување од фашизмот, 3 ти Ноември

Повторно се чистат дивите депонии кај Дабнички завој

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе