30.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Жителите на Жабино маало го одбележаа Св. Никола

Големиот православен празник Свети Никола и годинава  беше повод жителите од нас. Жабино Маало, традиционално да го чествуваа со радост и желби за здравје и просперитет. Во нивното маало се собраа голем број верници, главно  жители од населбата Жабино Маало , но дојдоа и гости од другите населби, пред параклисот изграден во чест на светецот Св.Николај – Чудотворец и како што е ред, во духот на православието и традицијата со водоосветување и прережување на празничниот колач  го прославија празникот.

Домаќинот на светиниколското чествување во насeлбата Жабино Маало, при оваа пригода подготви пригодна славска трпеза,со која беа послужени гостите.

Претставници од локалната самоуправа и од Советот на Општина Прилеп  беа дел од ова чествување.

.

 

Би можело да ве интересира

Прв меморијален шаховски турнир “МАТ”, учествуваа над 120 шахисти

(Галерија) Спекткал во Прилеп – грандиозен автомобилски настан на “Tuning Car Show – Прилеп”

Пела Редакција

Смилеска: Над 33 илјади примиле барем прва доза вакцина во прилепскиот регион (ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе