30.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Водата во градскиот водовод Крушево повторно е исправна и безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие Комуна Крушево информира дека водата од градскиот водовод е повторно исправна и безбедна за пиење :

„Известување до граѓаните на Општина Крушево!!!

Ве информираме дека водата од градскиот водовод повторно е исправна и безбедна за пиење. По техничкиот проблем со системот за хлорирање, кој беше предизвикан од прекин во електричното напојување, дефектот е отстранет и извршени се сите потребни контроли. Лабораториските анализи потврдија дека водата ги исполнува сите законски параметри за квалитет и може слободно да се користи за пиење, подготовка на храна и останатите потреби во домаќинствата. Им благодариме на граѓаните за трпението и разбирањето. Општина Крушево и понатаму продолжува со редовен мониторинг за обезбедување квалитетна и безбедна вода за сите,“ стои во соопштението на ЈП Комуна Крушево.

Би можело да ве интересира

Тутунскиот откуп ќе се пролонгира

Дочек на Новата 2025-та година на Плоштадот „Александрија“ во Прилеп!

Се забелее Пелистер

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе